Top Sport

Денвер без Јокиќ на стартот на НБА пред-сезоната

Денвер нагетси му дозволија на Никола Јокиќ да се одмори пред стартот на новата сезона, што значи дека тој нема да игра во првиот меч од пред-сезоната против Лос Анџелес клиперс во понеделник, потврди тренерот Мајк Мелоун.

Минатогодишниот МВП на лигата ќе добие одмор откако минатата недела првпат стана татко, така што ќе има дополнително време да се врати во ритам.

Денвер ја стартува НБА сезоната против Голден Стејт вориорс во четврток навечер.

Scroll to Top