Top Sport

Хабиб: Му кажав на Фергусон дека ако пијам, сите ќе ги скршам

УФЦ легендата Хабиб Нурмагомедов во саботата беше посебен гостин на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, каде што покрај тоа што повеќе од 1.000 фанови се фотографираа со него, тој имаше шанса да се сретне со Сер Алекс Фергусон, Јусеин Болт и Патрис Евра по мечот.

Тој открива дека Фергусон ја прифатил неговата одлука да не пие алкохол, кога Дагестанецот се пошегувал дека ако пие алкохол ќе ги скрши сите.

„Морав да му објаснам. Има две работи – можеш да бидеш искрен и да кажеш: ‘Не, не, јас сум муслиман, никогаш не пијам’. Но, му додадов: ‘Не е добро, бидејќи ако пијам, ќе ве скршам сите. Тоа не е добра идеја’. Патрис Евра и Јусеин Болт разбраа, додека Алекс Фергусон ми понуди чаша вино. За него, тоа е добро и не го осудувам. Кога му кажав дека може да дојде до насилство, ми кажа да не пијам. Не е лесно да си муслиман, но во исто време, не треба да го направиш тоа да е претешко. Само биди добар човек и покажи дека си муслиман. Сите пријатели знаат дека јадам халал и дека е пијам. Ако имам нешто на умот ќе го кажам тоа“, изјави Хабиб.

Scroll to Top