Кошаркарите на Денвер Нагетс запишаа уште еден пораз, петти во последните шест натпревари. Нагетс загубија од Њујорк Никс во „Медисон Сквер Гарден“ со 116:110.
Натпреварот во храмот на кошарката, Никс го решија во последните две минути, кога со серија 8:2, стекнаа недостижна предност 114:110.
Двата тима имаа свои добри периоди на игра и Никс и Нагетс во еден момент имаа предност од 13 поени.
Џамал Мареј беше најефикасен играч во двата тима со 25 поени, Никола Јокиќ имаше 24 поени, 10 скока и осум асистенции, но и шест загубени топки.
Во победничкиот табор, Џејлем Брансон исто така постигна 24, Ар-Џеј Барет имаше 21, додека Џулиус Ранд постигна 20 поени, со седум скока и четири асистенции.
Денвер се уште се лидери на Западот со 47 победи и 24 порази, додека Никс имаат 42 победи и 30 порази и се петти во Источната конференција.
Утре Денвер Нагетс ќе одиграат уште еден натпревар во Њујорк, но во салата на Бруклин Нетс.