Кошаркарите на Хјустон Рокетс, во дерби мечот што се одигра изминатата ноќ во НБА лигата, ги победија убедливо Денвер Нагетс со 112:85. Хјустон имаат скор од 48 победи и 28 порази и се четврти на Западот, додека Денвер се втори со 50 победи и 24 порази.
Втората четвртина го даде одговорот околу победикот на мечот во Хјустон, откако првата четвртина ја добија играчите на Денвер со 22:25. Во вториот период „ракетите“, предводени од Клин Капела (13 поени, 11 скока само во втората четвртина) го декласираа противникот со 40:19.
Капела мечот го заврши со 17 поени и 15 скока, а најефикасен беше Џејмс Харден (38 поени, 6 скока, 6 асистенции). Кај Нагетс се истакнаа Џамал Мареј (20 поени), Никола Јокиќ (16 поени, 8 скока, 6 асистенции) и Монте Морис (16 поени).
Резултати:
Детроит Пистонс-Орландо Меџик 115:98
Филделфија-Бруклин Нетс 123:110
Мајами Хит-Далас Маверикс 105:99
Њујорк Никс-Торонто Репторс 92:117
Милвоки Бакс-ЛА Клиперс 128:118
Њу Орлеанс Пеликанс-Сакраменто Кингс 121:118
Сан Антонио Спарс-Кливленд Кавалирс 116:110