Пет натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Победи забелеаа Милвоки, ЛА Клиперс, Орландо, Бостон и Оклахома.
Денвер доживеаја пораз од еден од најслабите тимови во лигата, Оклахома. Тандер славеа со 108:94, благодарение на Шеј Гилџус-Александер со 27 поени, 11 скока и 13 асистенции. На спротивната страна, актуелниот МВП, Никола Јокиќ го одигра најлошиот меч во сезоната. За 24 минути, Јокиќ, забележа 12 поени и 7 скока.
Орландо славеа против Атланта 104:98. Атланта не успеа да победи и покрај тоа што Кем Редиш и Џон Колинс заедно постигнаа 62 поени. Редиш беше најефикасен со 34 поени, Колинс постигна 28. Франц Вагнер го предводеше Орландо со 25 поени.
Без Јанис Адетокумбо, Милвоки убедливо го поразија Хјустон 126:106. Во отсутво на Адетокумбо, Милвоки до победата го предводеа Џру Холидеј со 24 и Крис Мидлтон со 23 поени.
Бостон славеа во дуелот со Кливеленд 111:101. Кај Селтикс се истакна Џејлен Браун кој постигна 34 поени, 16 од нив во првата четвртина. Најдобра во редовите на Кливленд беше Даријус Гарланд со 28 поени.
ЛА Клиперс победија во Сакраменто 105:89. Најдобрите стрелци на Клиперси рамномерно ги распоредија поени, Ерик Бледсо постигна 19, а Серж Ибака и Пол Џорџ по 17 поени. Најефикасен играч на мечот беше Тајрис Халибартон со 22 поени и 13 асистенции.