Кошаркарското дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан во АБА лигата е прекинато уште во првата четвртина, откако судиите решија да се повлечат во соблекувалната.
Навивачите фрлаа тврди предмети на теренот, а судиите одлулија да ги повлечат кошаркарите од теренот и си замина во соблекувалната. Барањето на судиите е да се испразни дел од салата, а ова е речиси редовна појава кога играат белградските вечни ривали.
Во моментот на прекинот Партизан има минимално водство (17:18).
🚨 Sudijska trojka napustila je parket! #kkcz #kkp pic.twitter.com/lu2z9feN6L
— B92 Sport (@b92sport) November 28, 2022