Уникс Казан на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е шампион во руската ВТБ-лига, откако во петтиот меч со 98:89 го совладаа тимот на Локомотив Кубан, а вкупна 4:1 победа во финалната серија.
Ова е првпат во историјата на клубот од Татарстан да станат шампиони, по поразите во финалињата во 2016 и 2021 година. Тимот на Владимир Перасовиќ на патот до финалето ги совладаа Парма Перм и Зенит Санкт Петерсбург, пред во финалната серија да го декласираат тимот на Локомотив.
Димитријевиќ беше најдобриот играч во последниот натпревар, постигнувајќи фантастични 34 поени и додавајќи 5 скока и 3 асистенции.