Top Sport

Димитријевиќ го „уништи“ Партизан со 30 поени!

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ се покажа како нерешлива енигма за кошаркарите на Партизан, откако го предводеше Уникс Казан до 83:77 победа во мечот за третот место на ВТБ купот, постигнувајќи 30 поени за рускиот клуб.

Димитријевиќ и Рејнолдс ги предводеа Уникс со 22:15 водство на стартот на мечот, но потоа Партизан направија серија од 15:0 и стигнаа до 33:22 водство, за на полувреме тимот на Жељко Обрадовиќ да има 43:39 предност. Тренерот на Уникс, Велимир Перасовиќ му даде шанса на Димитријевиќ да се покаже и тој постигна клучна тројка за 79:74 предност на 1:14 пред крајот, со што ја запечатија победата.

Димитријевиќ беше најефикасен за Уникс со 30 поени, Рејнолдс постигна 19 за Уникс, додека Трифуновиќ и Папапетру имаа по 12 поени за Партизан.

Scroll to Top