Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ би можел по само една сезона во Валенсија да го напушти евролигашот. Како што откриваат шпанските медиуми, новиот тренер на тимот, Алекс Мумбру, му соопштил на Димитријевиќ дека не е во неговите планови за следната сезона.
Поради ова, тој најверојатно ќе бара нов клуб, а заинтересираност покажува Гран Канарија.
Ненад Димитријевиќ минатата година потпиша четиригодишен договор со раководството на Валенсија.