Top Sport

Димитријевиќ со Уникс Казан во полуфиналето на ВТБ лигата

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ со тимот на Уникс Казан обезбеди пласман во полуфиналната серија на ВТБ лигата. Уникс Казан стигна до третата победа во серијата против Парма откако славеше на гости со 52:73.

Димитријевиќ во овој дуел учествуваше со 12 поени, шест асистенции и еден скок.

Уникс Казан во полуфиналната серија ќе го очекува подобриот од дуелот Зенит – МБА Москва, каде и двете екипи досега остварија по една победа.

Scroll to Top