Македонскиот првак Вардар оствари убедлив триумф (38:25) над Војводина во првиот меч од четвртфиналето на СЕХА лигата. Гостите од Нови Сад дојдоа со подмладен тим, па „црвено-црните“ немаа поголеми проблеми да дојдат до победата. Ќе следи и реванш, но Вардар е блиску до пласман на завршниот Ф4 турнир.
Вардар стартуваше со серија 5:0, а на полувремето имаше десет гола предност (21:11). Во второто полувреме продолжи доминацијата на македонскиот шампион кој на крајот обезбеди позитива од 13 гола (38:25).
Јан Чувара постигна десет гола во тимот на Вардар, а Куни Моралес беше стрелец на осум погодоци. Кај голманите Мартин Томовски имаше седум, а Васил Гогов пет интервенции.