Top Sport

Дино Раѓа со емотивна посвета кон „братот“ Тони Кукоч

Дино Раѓа во петок навечер ќе стане четвртиот Хрват во Куќата на славните на кошарката по Мирко Новосел, Крешо Ќосиќ и Дражен Петровиќ, но тој уште еднаш покажа каков спортист е откако на својот Фесјбук профил потсети на уште еден „потценет“ Хрват, Тони Кукоч, велејќи дека тие двајца заедно требаа да влезат меѓу легендите.

Кукоч и Раѓа беа водечката сила на легендарната Југопластика, беа меѓу најдобрите кошаркари на последната југословенска репрезентација, а потоа играа заедно и за Хрватска.

„Тешко е да се напише нешто ново за Тони Кукоч, но јас ќе се обидам. Играв со море кошаркари насекаде низ светот, но само еден човек го сметам кошаркарска сродна душа или ‘soulmate’ како што велат Америте. Толку многу поминавме заедно што се разбиравме со затворени очи. И денеска да играме ветеранска кошарка ќе беше така. Немаше љубомора, завист. Тој дојде на ’Грипе’ со 50 кила заедно со креветот, а направи кариера за паметење и требаше да биде покрај мене во Куќата на славните. Невиден талент, секогаш два чекори пред сите. Мене Дино без Тони ми е незамислив и му благодарам за сѐ што поминавме заедно. Дојдовме и тивко влеговме во легендите (Док Холидеј)“, напиша Раѓа на Фејсбук.

Scroll to Top