Top Sport

Осака лесно до прво гренд слем полуфинале

Јапонката Наоми Осака стигна до своето прво гренд слем полуфинале, откако со 6:1/6:1 ја „збриша“ Украинката Лесија Цуренко во четврт-финалето на САД опен во Њујорк.

20-годишната Осака загуби само два гема во мечот кој траеше 58 минути и сега е првата Јапонка во гренд слем полуфинале откако Кимико Дате-Крум играше во полуфиналето на Вимблдон во 1996 година.

Таа ќе го добие противникот во полуфиналето подоцна по дуелот меѓу Американката Медисон Киз и Шпанката Карла Суарез Наваро. Во второто полуфинале во Њујорк ќе играат првата фаворитка Серена Вилијамс и Летонката Анастасија Севастова.

Scroll to Top