Делегација на Сакраменто Кингс била во посета на затворот Фолсом. Ова е еден од најстрогите американски затвори, во кои се извршени 93 смртни казни. Затворот се наоѓа на 30 километри од престолнината на американската сојузна држава Калифорнија, Сакраменто.
Делегацијата на НБА франшизата ја предводел генералниот менаџер Владе Дивац, а меѓу играчите кои биле во посета на затворот бил и српскиот репрезентативец Немања Бјелица.
Играчите на Сакраменто се дружеле со затворениците, разговарале со нив, а круна на посетата бил кошаркарскиот натпревар и заедничкото фотографирање.
Во соопштението Сакраменто Кингс објавиле дека посетата е дел од проектот „Играј за правдата“.