Новинарот на „ЕСПН“, Тим Мекмен вели дека Владе Дивац, генералниот менаџер на Сакраменто кингс и српска кошаркарска легенда решил да не го драфтува словенечкиот феномен Лука Дончиќ бидејќи не се „мирисал“ со неговиот татко.
На драфтот во 2018, Дивац и Сакраменто имаа шанса да го изберат Дончиќ, но наместо тоа се решија да одат со Марвин Бегли.
„Колку што јас сум запознаен, Дивац бил близок со Лука и добро го познавал неговото семејство, што на крајот било клучно. Тој едноставно немал високо мислење за неговиот татко и одел со логиката: ’Каков татко-таков син’. Но, Владе тука многу згреши“, вели Мекмен.
Бегли може има блескава иднина во Сакраменто, но Дончиќ едноставно експлодираше во својата дебитантска сезона со просек од 15 поени, 7.6 скока и 1 блокада по натпревар.
Vlade Divac Didn’t Draft Luka Doncic Because He Didn’t Like Luka’s Dadhttps://t.co/PTReMd3PWe pic.twitter.com/wJ6dTtJN2A
— Fadeaway World (@FadeawayWorld) November 23, 2019