Српскиот кошаркарки ас, Владе Дивац поднесе оставка на позицијата генерален менаџер во Сакраменто Кингс откако екипата не успеа да се пласира во доигрувањето во НБА лигата.
Многумина како негова најголема грешка додека беше во својот мандат кај Кингси сметаат дека е одлуката во 2018 година да не го избере Лука Дончиќ на драфтот. Тогас Србинот се реши во Сакраменто да го доведе Марвин Бегли. Потоа Дончиќ заврши во Далас и сега го воодушевува кошаркарскиот свет со своите партии.
„Беше тоа моја одлука. И понатаму верувам дека можностите на Марвин се поголеми. Ми треба време тоа да го докажам. Ќе видите, Марвин на сите ќе им докаже дека грешат. Проблемот во оваа лига што луѓето не се трпеливи, сакаат резултати веднаш“ – рече Дивац по заминувањето од Сакраменто.
Крилниот центар Бегли не се покажа како големо промашување, но проблемот е што Дончиќ со само 20 години е еден од најдобрите во НБА.
„Луѓето ќе речат што сакаат, само сакам да им порачам да го задржат истото мислење кога ќе почнам да редам добри мечев. Останете на она што сте го зборувале цело време“ – рече Бегли.
Поради проблеми со повредите, досега Бегли одигра само 75 меча за „Кралевите“ со просек од 14.8 поени, 7.6 скока на меч.
За споредба, Дончиќ сезонава има просек од 28.8 поени, 9.4 скока и 8.8 асистенции на меч.