Мемфис гризлис стигнаа до 130:112 победа над Индијан пејсерс за да ја продолжат серијата победи на неверојатни девет мечеви, но најмногу внимание на мечот предизвика потегот на Џа Морант во третата четвртина, кога според многумина го имаше најдоброто забивање оваа сезона.
Тој успеа да помине двајца противнички играчи пред да забие над Џејлен Смит и по мечот призна дека „го чекал моментот долго време“. Морант мечот го заврши со одлични 22 поени и 10 асистенции.
OH MY GOODNESS JA MORANT 😱
DUNK OF THE YEAR CANDIDATE pic.twitter.com/OQsyR28lKj
— NBA (@NBA) January 15, 2023