Top Sport

Џа Морант уште еднаш се извини: Жал ми е за сѐ

Кошаркарот на Мемфис, Џа Морант, денеска изјави дека направил многу грешки и уште еднаш се извини за однесувањето што му донесе суспензија од осум натпревари во НБА.

„Жал ми е за сè. Мојата работа сега е да бидам поодговорен и попаметен“, изјави Морант по тренингот, јавно зборувајќи за првпат по истекот на неговата суспензија.

Тренерот на Мемфис, Тејлор Џенкинс, изјави дека очекува Морант да игра на следниот натпревар против Хјустон, но играчот рече дека неговиот статус „сѐ уште лебди во воздух“.

„Кога ќе почувствувам дека сум повторно во ритам и во добра форма за да се вратам, ќе се вратам“, истакна Морант.
НБА го суспендираше Морант на осум натпревари, откако тој излезе во живо на Инстаграм и се покажа како мавта со пиштол во стриптиз клуб во Колорадо по натпреварот со Денвер.

За време на неговото отсуство, Мемфис забележаа шест победи и три порази и се вратија на второто место во Западната конференција, зад Денвер.

Scroll to Top