Top Sport

Џејмс Харден потпиша нов договор со Филаделфија

Џејмс Харден останува во Филаделфија. Тој се согласи на намалување платата и потпиша нов двегодишен договор со „севентисиксерс“.

Според новиот договор, Харден ќе заработува околу 70 милиони долари годишно, а вметната е и клаузула дека може да го раскине договорот доколку не биде задоволен од „проектот“ на крајот од следната сезона.

Суперѕвездата дојде во Филаделфија оваа година од Бруклин. 32-годишниот играч минатата сезона одигра 21 натпревар за новиот тим и имаше просек од 21 поен по натпревар. Филаделфија стигна до источното полуфинале каде беше елиминирана од Мајами Хит.

Својата НБА кариера Харден ја започна во Оклахома каде играше од 2009 до 2012 година. Најдлабок белег остави во дресот на Хјустон Рокетс, за кој настапуваше девет сезони и беше МВП на лигата во 2018 година.

Десет пати беше учесник во ол-стар натпреварот, но никогаш не стигна до шампионскиот прстен во НБА.

Scroll to Top