Top Sport

Џинобили номиниран за Куќата на славните

НБА лигата ја објави листата на кандидати за Куќата на славните во Спрингфилд, во класата 2022. На листата има 11 имиња.

Прв пат е номиниран Аргентинецот Ману Џинобили. Џинобили во кариерата освои четири титули со Сан Антонио Спарс.

Покрај Џинобили од поранешните НБА играчи, на листата се Тим Хардавеј, Мајкл Купер и Мариз Џонсон.

Од НБА тренерите тука се Боб Хегинс и Џорџ Карл и тренерот кој работи во женската НБА, Маријан Стенли.

Листата ја комплетираат кошаркарките Линдзи Вејлен и Свен Кеш, судијата Хју Еванс и поранешниот средношколски тренер, Лита Ендјуз.

На 2.април ќе бидат познати имињата на новите жители во Куќата на славните.

Свечената церемонија ќе се одржи на 10.септември.

Според проценките речиси сигурно во Куќата на славните ќе влезат Џинобили, Хагенс и Карл и веројатно Купер, член на славната генерација на ЛА Лејкерс и еден од најдобрите дефанзивци и шести играчи во историјата на НБА лигата.

 

Scroll to Top