Top Sport

„Џордан е лажго, драго ми е што мојот Г.О.А.Т. е Леброн“

Поранешниот кошаркар Кендик Перкинс рекол дека документарниот филм „Последниот танц“ е преполн со лаги. Според него филмот е снимен со само една цел, Џордан дополнително да се воздигне во светот на кошарката.

„Го гледав Последниот танц, но…Преполн е со лаги. Драго ми е што Мајкл Џордан не е мојот Г.О.А.Т. (најдобар играч на сите времиња). Лаже и на сите им наштети поради своите интереси. Документарниот филм е снимен за Џордан да изгледа како херој, а сите други како злосторници“, истакнал поранешниот играч на Бостон Селтикс, Оклахома Тандер и Кливленд Кавалирс.

Инаку Перкинс не е единствениот кој упатил критики за документарниот филм посвете на Мајкл Џордан и шампионскиот тим на Чикаго Булс.

„Скоти Пипен е изнервиран, Хорас Грент, Ајзеа Томас…Покојниот Џери Краус не бил лош човек, разговарав со многумина, ми го потврдија тоа. Среќен сум што Г.О.А.Т. за мене е Леброн Џејмс“, заклучил Перкинс.

Scroll to Top