Top Sport

Џордан го пречекал Ајверсон во НБА со зборовите: Каде си мала кучко!

Документарната серија „Последниот танц“ ја покажа и другата страна на лицето на НБА легендата, Мајкл Џордан, груба и сурова кон своите соиграчи, но очигледно не страдале само неговите соиграчи, како што открива Алан Ајверсон.

Ајверсон беше прв пик на драфтот во 1996 година, но тоа очигледно не го импресионирало Џордан и при првиот меч меѓу Чикаго булс и Филаделфија сиксерс го пречекал остро.

„Првпат зборував со Мајкл таа година, кога играв во дебитантската сезона. Никогаш нема да заборавам: ’Каде си, мала кучко!’. Никогаш нема да го заборавам тоа“, вели Ајверсон.

Булси ги совладаа Сиксерски со 29 поени разлика и покрај 15-те поени, 4 скока и 2 асистенции на Ајверсон. Џордан имаше 27 поени, 2 скока и 5 асистенции.

Кога пристигна Ајверсон во НБА, Џордан веќе имаше четири титули и четири МВП награди. Меѓутоа, Ајверсон успеа да му врати на Џордан со славното поминување на 12 март 1997 година, иако Ајверсон признава дека не знаел дека направил голема работа.

„Искрено не знаев, бидејќи бев многу млад. Подоцна, мали деца ми доаѓаа ми велеа: ’Ти си човекот кој го помина Џордан’. Уште некои зборуваат за тоа, но јас мислев дека не е голема работа“, додава Ајверсон.

Scroll to Top