Top Sport

Мајнц се врати од „мртвите“ против Келн (видео)

Мајнц успеа да извлече 2:2 реми на гостувањето во Келн, продолжувајќи ја својата битка за опстанок во Бундеслигата во рестартираното 26. коло од германскиот шампионат.

На празниот „Рајненергистадион“, „јарците“ дојдоа во рано водство откако Марк Ут во 8. минута постигна гол од пенал, а кога во 53. минута, Флоријан Кајнц зголеми на 2:0, се навестуваше удобна победа на Келн.

Меѓутоа, гостите не се предадоа. Нигериецот Таиво Авонији во 61. минута намали на 2:1, пред Пјер Кунде Малонг во 72. минута да израмни на 2:2.

Со освоениот поен, Мајнц останува на 15. место на табелата, над зоната за испаѓање со 27 поени, четири пред Фортуна Диселдорф. Келн се 10. со 33 поени.

Од рестартираното 26. коло на програмата останува само уште мечот Унион Берлин-Баерн Минхен од 18 часот.

Scroll to Top