Top Sport

Секс-кукли наместо навивачи во Корејската К-лига!

Недостатокот на навивачи на фудбалските стадиони носат голем број на проблеми – од отсуството на паричен надомест за билетите, до лошата атмосфера за фудбал, преку грдиот изглед на празните седишта. Меѓутоа, решението на јужнокрејскиот клуб ФЦ Сеул, е во најмала рака необично – тие ги пополнија седиштата со секс-кукли!

Слично решение направија Борусија Менхенгладбах во Бундеслигата, откако неколку илјади фанови платија нивното лице да биде поставено на картонски блок за да симулира присуство на гледачи, но корејското решение е навистина лудо.

За мечот со Гвангџу ФЦ, управата на Сеул постави повеќе вакви кукли, кои во рацете имаат транспаренти за поддршка на клубот, но и реклама за локален секс-шоп.

Пред ваква публика, домашниот тим не можеше да остане рамнодушен – стигна до 1:0 победа.

Scroll to Top