Top Sport

Џордан пред својот 60. роденден донирашe 10 милиони долари

Најголемиот НБА кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан пред својот 60-ти роденден донираше 10 милиони долари на хуманитарната организација „Make-A-Wish“ (Замисли желба), која работи со тешко болни деца. Ова е најголема донација во 43-годишната историја на организацијата.

„Последните 34 години ми беше чест да бидам партнер на Make-A-Wish и да помогнам на лицето на овие деца да се врати насмевката. Нивната сила и храброст во тешките периоди се инспирација за сите“, изјави шесткратниот НБА шампион, кој во петок ќе го прослави 60-тиот роденден.

Џордан првпат соработуваше со организацијата во 1989 година, пред во 2008 година да го прогласат за амбасадор.

Scroll to Top