Top Sport

Џордан за Ајзеа Томас: Тој е серко и точка

Непријателството ое започна на почетокот на 90 години од минатиот век помеѓу Ајзеа Томас и Мајкл Џордан ќе трае вечно. Не се поднесуваат еден со друг тоа им е јасно на сите што ја следат НБА лигата.

Томас беше предводникот на Детроит Пистонс, на патот до шампионските прстени на Истокот водеа големи борби со Чикаго Булс предводени од Мајкл Џордан.

Крај на династијата на Детроит Пистон означија Чикаго Булс во 1991 година. Тогаш Џордан и другарите во финалето на Источната конференција со 4-0 ги победија Пистонс, а подоцна во големото финале со победата 4-1 над Ла Лејкерс ја освоија првата од шестте шампионски титули.

На истекот на времето на четвртиот меч, на осум секунди до крајот, целиот тим на Пистонс го напушти теренот, исклучок беа Џон Сејли и тренерот Чак Дејли. Томас и Бил Лембир ги предводеа соиграчите кои поминаа крај клушата на Булс без да им честитаат на ривалите.

Томас подоцна не се извини за тој гест и во тој момент е клучен за непријателството помеѓу Џордан и Томас.

Ајзеа Томас минатата недела изјави дека Џордан не е најдобриот на сите времиња. Тој смета дека денес во лигата има десет или 11 играчи чии квалитети не се полоши од оние на Џордан.

Во документарниот филм посветен на шампионската генерација на Детроит Пистонс, Томас се обиде да се извини за тој потег.

Дека Џордан не го прифатил говори и во филмот посветен на неговата последна сезона во кариерата.

„Знам дека е ср..е тоа што го зборува. Знаете и самите дека се што зборува на таа тема не е вистина. Имаше доволно време да размисли, реакцијата на јавноста му го смени мислењето. Можете да ми покажете што сакате, но не можете да ме уверите дека тој не е серко. Една година претходно јас им честитав кога не победија во седмиот натпревар. Тое е во духот на спортот“, рекол Ем Џеј.

Јавна тајна е дека Томас споради тој гест не беше повикан во репрезентацијата на САД за Олимписките игри во 1992 година каде настапи оригиналниот „Дрим Тим“.

Џордан го елиминирал Томас од репрезентацијата во договор со другите ѕвезди, иако играчот на Детроит во тоа време беше најдобриот плејмејкер во лигата.

За него Џордан не е најдобриот на сите времиња

Scroll to Top