Пол Џорџ, Леброн Џејмс и Стеф Кари, изминатат ноќ во НБА лигата постигнаа повеќе од 40 поени, во победите на своите тимови.
Оклахома Сити Тандер забележа победа над Бруклин Нетс 114:112. Џорџ на три секунди до крајот на мечот погоди тројка за победа на Тандер.
Крилниот кошаркар одигра неверојатен меч, тој постигна 47 поени, на кои придодаде 15 скока. Џорџ 23 коша реализираше во последната четвртина, во која Оклахома успеа да ја стигне негативата од 20 поени.
Покрај Џорџ, кај Тандер се истакна и расел Вестбрук со нов трипл-дабл (21 поени, 15 скока, 17 асистенции).
Со оваа победа Оклахома има скор 16-7 и се наоѓа на второто место на Западот.
Голден стејт Вориорс, во реприза на минатосезонското финале, гостуваа во Охајо и ги декласираа Кливленд Кавалирс со 129:105.
Клучната предност Вориорс ја направија во третата четвртина, во која постигнаа 37, а примија 22 коша.
Стеф Кари постигна девет тројки од 14 обиди, а натпреварот го заврши со 42 поени, девет скока и седум асистенции, а на Кевин Дурент му недостигаше една асистенција за трипл-дабл (25 поени, 10 скока, девет асистенции).
Актуелните шампиони со скор 17-9 се на четвртата позиција на Западот.
ЛА Лејкерс забележаа победа над Сан Антонио Спарс 121:113. Тимот до 15. победа во сезоната го предводеше Леброн Џејмс со 42 поени, пет скока, шест асистенции и две украдени топки.
Леброн успеа да го неутрализира учинокот на Демар Дерозан и Руди Геј на спротивната страна, кои искомбинираа 63 поени. Дерозан забележа 32 поени и седум скока, а Геј 31 поени и седум скока.