Откако и формално го раскина договорот со Мемфис Гризлис, Двајт Хауард потпиша (не)стален договор со Лос Анџелес Лејкерс.
Хауард по шест години се враќа во редовите на клубот каде што неговата кариера ја фати удолницата. Лејкерси го донесоа како замена за Демаркус Казинс кој доживеа нова тешка повреда.
Хауард потпиша договор каков што досега не е виден во НБА-лигата. Познат како несериозен играч, кој може да има негативно влијание во соблекувалната и поучени од претходниот негов надат во клубот, челниците на Лејкерс кој ќе важи од ден за ден, односно може да биде раскинат кога тоа ќе реши клубот.
Што значи тоа? Договорот ќе започне да важи од 21 октомври, а за секој ден минат во клубот Хауард ќе добива по 14.490 долари. Доколку го одработи секој ден од договорот тој ќе добие 2,6 милиони долари колку што требаше да заработи и во претходниот клуб Мемфис.