Единаесет натпревари се одиграа во НБА лигата изминатата ноќ. Нив ги обележа новиот играч на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг, кој постигна 50 поени против Минесота. И покрај блескавото издание на Ирвинг Бруклин загубија по едно продолжение 126:127.
На стартот на новата сезона блесна европскиот тандем на Далас, Лука Дончиќ и Кристапс Прозингинс.
Словенецот и Латвиецот го предводеа Далас до победата над Вашингтон 108:100. Дончиќ забележа 34 поени, 9 скока и 4 асистенции, а Прозингинс запиша 23 поени, 4 скока и 2 асистенции.
Успешна сезона најави и Никола Јокиќ од Денвер. Нагетс во реприза на минато сезонското полу-финале на западот победија во Портланд 100:108. Јокиќ забележа двоен ефект од 20 поени и 13 скока.
Монструозна партија во Индијанаполис пружи центарот на Детроит Пистонс Андре Драмонд. Во победата на својот тим над Индијана тој забележа 32 поени и 23 скока. Рекорд на кариерата оствари на овој меч 12 пик на драфтот во 2017 година Лук Кенард кој постигна 30 поени.
Резултати:
Шарлот Хорнетс-Чикаго Булс 126:125
Индијана Пејсерс-Детроит Пистонс 110:119
Орландо Меџик-Кливленд Кавалирс 94:85
Бруклин Нетс-Минесота Томбервулфс 126:127
Мајами Хит-Мемфис Гризлис 120:101
Филалдлефија ’76-Бостон Селтикс 107:93
Далас Маверикс-Вашингтон Визардс 108:100
Сан Антонио Спарс-Њујорк Никс 120:111
Јута Џез-Оклахома сити Тандер 100:95
Финикс Санс-Сакраменто Кингс 124:95
Портланд Трејлблејзерс-Денвер Нагетс 100:108