Словенија им се одмазди на Австралијците за поразот во борбата за бронза на ОИ во Токио во 2021, триумфирајќи со 91:80 во првото коло од втората рунда од Мундобаскетот.
Лука Дончиќ повторно блесна со 20 поени, 7 скока и 6 асистенции, Мајк Тоби додаде 18 поени и 12 скока, додека Австралија можеше да се пофали со 25 поени на Џош Гиди и 17 на Пети Милс. По оваа побееда, Германија и Словенија имаат по 4-0 скор, Австралија паѓа на 2:2, така што се јасни патниците во четврт-финале.
Литванија исто така направи чекор кон четврт-финалето по фантастичната доминантна 92:67 победа над Грција, со што се израмнија со Американците со 4-0 скор по првото коло. Рокас Јокубаитис имаше 19 поени за Литванците, а на очајните Грци не им беа доволни ниту 21 поен на Томас Вокап.