Top Sport

Вундеркиндот на Барса, Ламин Јамал доби повик во шпанската репрезентација

Тинејџерот на Барселона, Ламин Јамал го доби првиот повик од шпанската репрезентација за квалификацисите мечеви за ЕП 2024 против Грузија и Кипар.

16-годишниот Јамал успеа да обезбеди место во првиот тим на Барселона и импресионираше на стартот на новата сезона во Ла лига, посебно на мечот со Вилјареал, каде што имаше клучна улога во 4:3 победата. Тој имаше шанси да настапува за Мароко, но шпанската федерација прати повеќе важни официјални лица кои го убедија да ја прифати понудата.

Шпанија игра со Грузија во петок и доколку Јамал игра ќе стане најмладиот шпански репрезентативец со 16 години, 1 месеци 26 дена, рушејќи го рекордот на својот клупски колега, Гави, кој дебитираше на 17 години и 62 против Италија во октомври 2021.

„Се сретнавме со него во Барселона, и бидејќи постојано беше во младинските шпански репрезентации, знаевме дека може да игра и за нас. Ние го следиме нивото на играчот, не возраста и тој е подготвен да се натпреварува на највисоко ниво“, вели шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте.

Scroll to Top