Top Sport

Дончиќ блесна, но Далас повторно загуби

Лука Дончиќ одигра одличен натпревар, но Далас загуби од Мајами со 129:122 и падна на 11. место во Западната конференција, која го носи многу далеку од позициите што носат дополнително разигрување за место во плејофот.

Дончиќ зад своето име запиша 42 поени, 10 скока и осум асистенции, Тим Хардевеј додаде 31 поени, а Кајри Ирвин постигна 23 поени. Сепак, сите останати кошаркари на гостите заедно постигнаа само 26 поени.

Кај Мајами, предводник беше Џими Батлер со 35 поени, Зелер додаде 20, а Кевин Лав уфрли 18 поени.

Њу Орлеанс го искористи домашниот терен и славеше против Лос Анџелес Клиперс со 122:114.

Брендон Инграм со 36 поени и Јонас Валанчиунас со 23 поени и 12 скока беа најдобри во победничкиот тим, а во гостинскиот состав се истакна Каваи Ленард со 40 поени. Сепак, ѕоа не беше доволно и за триумф.

Scroll to Top