Top Sport

Џошуа во жестока борба го победи Френклин, а избегнат беше и поголем инцидент

Британскиот боксер Ентони Џошуа го победи Џермејн Френклин со едногласна одлука на судиите во спектаклот што синоќа се одржа во Лондон. За Џошуа ова беше 25. победа во 28 меч и сигурно сега повторно ќе се обиде да стигне до тронот во тешка категорија.

Американскиот боксер Френклин го претрпе само вториот пораз, а има 21 победа.

Џошуа во овој меч влезе по два порази од Олександер Усик, но ја пронајде вистинската тактика за триумф. Тој максимално ја користеше предноста во висина и со прецизни директи го отвораше гардот на противникот. На крајот можеше да се случи и поголем инцидент, откако двајцата боксери влегоа во клинч, но се вклучи и тренерот на Френклин, па влетаа уште неколку луѓе во рингот.

Судиите на крајот му доделија победа на Џошуа. Едниот му даде предност од 118:111, додека другите двајца гласаа со 117:111 за Британецот.

Scroll to Top