Top Sport

Дончиќ блесна против Феникс, Кузма лидер на Лејкерс (Видео)

Лука Дончиќ, Кајл Кузма, Ентони Дејвис, Донован Мичел, Џоел Ембид и Бредли Бил одиграа брилијантни натпревари за своите тимови изминатата ноќ во НБА лигата.

Дончиќ класата ја покажа и против својот поранешен селектор Игор Кокошков кој ги предводи Феникс Санс. Далас славеа против Феникс 104:94, а Дончиќ мечот го заврши со 30 поени, 6 скока и 5 асистенции.

19-годишниот Дончиќ и тренерот Кокошков во 2017 година со Словенија го освоија златниот медал на европското првенство.

Кајл Кузма полека се наметнува како втора опција во нападот на ЛА Лејкерс секако кога на теренот е Леброн Џејмс. Кузма, во отсуство на Леброн го одигра најдобриот меч во кариерата.

Во победата на Лејкерс над Детроит 113:100, Кузма постигна рекордни во кариерата 41 поен.

Јута на домашен терен ги совлада Орландо Меџик 106:93. Џезерите ги предводеше Донован Мичел со 33 поени и 7 асистенции, а Руди Гобер забележа дабл-дабл од 12 поени и 14 скока. Кај Орландо на своето ниво одигра Никола Вучевиќ (20 поени, 8 скока).

Њу Орлеанс Пеликанс и Ентони Дејвис ги збришаа Кливленд Кавалирс 140:124. Дејвис оствари уште еден монструозен дабл-дабл (38 поени, 13 скока, 7 асистенции).

Филалделфија доживеа убедлив пораз во Вашингтон, иако Џоел Ембид блескаше со 35 поени и 14 скока. На спротивната страна Вашингтон го имаа Бредли Бил кој постигна 34 поени во победата 123:106.

Резултати:

Бостон-Индијана 135:108
Вашингтон-Филалделфија 123:106
Бруклин-Атланта 116:110
Хјустон-Милвоки 109:116
Мемфис-Сан Антонио 96:86
Њу Орлеанс-Кливленд 104:94
Далас-Феникс 104:94
Јута-Орландо 106:93
Портланд-Чикаго 124:112
ЛА Лејкерс-Детроит 113:100

Scroll to Top