Лука Дончиќ одигра уште една партија во НБА лигата, а неговите Далас Маверикс лесно ги победија Детроит Пистонс 122:111. Дуелот на овие два тима се одигра во Мексико сити.
Словенецот го забележа осмиот „трипл-дабл“ во сезоната и е лидер на оваа листа пред Леброн Џејмс и Расел Вестбрук.
Дончиќ натпреварот го заврши со 41 поен, 12 скока и 11 асистенции. Кај Далас уште се истакнаа Сет Кари (30 поени, 7 скока, 4 асистенции) и Кристапс Прозингинс (20 поени, 8 скока).
Најдобри играчи на Детроит беа Андре Драмонд (23 поени, 16 скока) и Дерик Роуз (19 поени).