Top Sport

Дончиќ го оддува Кливленд, трипл-дабл за Јокиќ, триумф на Лејкерс кај Оклахома (видео)

Кошаркарите на Далас продолжуваат со серијата на пбеди откако ноќеска пред своја публика убедливо го совладаа Кливленд со 143-101. Нова одлична партија за Маверикси имаше Лука Дончиќ кој мечот го заврши со 30 поени, 14 асистенции и 7 скока.

Словенецот стана најмладиот играч во НБА историјата кој на 3 меча во низа има најмалку 30 поени и најмалку 10 асистенции.

Поддршка за Дончиќ во победата беа Џастин Џексон со 19 поени и Кристапс Порзингис со 17.

ЛАЛејкерс во Оклахома во неизвесна завршница славеа победа против Тандерси со 130-127. Домашната екипа немаше сила да се спротивстави на двоецот Леброн Џејмс – Ентони Дејвис. Леброн мечот го заврши со 23 поени и 14 асистенции. Сепак мечот го реши „веѓата“ Дејвис кој на 2 минути пред крајот под прекршок погоди тројка. Мечот го заврши со 33 поени, 11 скока и 7 асистенции.
https://youtube.com/watch?v=_msEUTpbAQw
Денвер предводен од српскиот ас, Никола Јокиќ славеше домашна победа над Бостон со 96-92. Јокиќ со нов трипл дабл ја донесе победата за Нагетси. Мечот го заврши со 18 поени, 16 скока и 10 асистенции. Одлична поддршка имаше во Џамал Мареј кој заврши со 22 поени, а Пол Милсап имаше 14 поени и 10 скока.

Кај Селтикси најрасположен беше Тејтум со 22 поени.

Ова се сите ноќешни резултати во НБА лигата:

Детроит – Атланта 128-103
Вашингтон – Шарлот 125-118
Бруклин – Сакраменто 116-97
Чикаго – Мајами 108-116
Оклахома – ЛА Лејкерс 127-130
Филаделфија – Сан Антонио 115-104
Далас – Кливленд 143-101
Денвер – Бостон 96-92
Јута – Голден Стејт 113-109
ЛА Клиперс – Хјустон 122-119

Scroll to Top