Top Sport

Кемба Вокер го повреди вратот, има и потрес на мозокот (видео)

Играчот на Бостон Селтикс, Кемба Вокер синоќа на мечот против Денвер доживеа тешка повреда на главата. Вокер при судирот со соиграчот Семи Олејеле незгодно падна и го повреди вратот, а подоцна од таборот на Селтикси информираа дека доживеал и потрес на мозокот.

Тренерот на Бостон веднаш по сударот на двајцата играчи ја прекина акцијата за да можат лекарите да му пружат помош на Вокер. Репрезенттаивецот на САД на носилки беше изнесен од салата додека публиката и играчите заедно се молеа за него.
Погледнете ја целата ситуација:

Scroll to Top