Ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ е пред потпишување на повеќемилионски договор со брендот Џордан на „Најк“, јавуваат американските медиуми, а во исто време самиот Словенец на Инстаграм како да ги потврди шпекулациите со фотографија од неговите патики.
Се очекува договорот на Дончиќ да биде на пет години, и според „ЕПСН“ тој ќе добие ексклузивни модели за чиј дизајн самиот ќе помогне.
Иако има само 20 години, Дончиќ се промовираше за кандидат за МВП наградата, а остана без договор за патики по крајот на двегодишниот договор со „Најк“ кој го потпиша во 2017 кога беше кошаркар на Реал Мадрид. Според „ЕСПН“, американската компанија имала до 1 октомври да понуди нов договор.
„Пума“ и „Андер армор“ беа две компании кои беа заинтересирани за Дончиќ, но понудата на „Најк“ не се одбива. Дончиќ, кој паузира неколку дена поради повреда на скочниот зглоб, во последно време носи само „Џорданки“.