Top Sport

Дончиќ го среди лидерот, Бруклин победија во градското дерби, драматична победа на Торонто

Далас Маверикс ја запреа победничката серија на Јута Џез, Бруклин во градското дерби минимално славеа над Њујорк Никс, а Гери Трент со тројка во последната секунда им ја донесе победата на Торонто над Вашингтон.

Далас Маверикс против лидерот во лигата, Јута Џез ја забележаа петтата победа во низа. Лука Дончиќ со 31 поен, осум скока и девет асистенции го предводеше својот тим до победата 111:103. На спротивната страна се исткна Мајк Конли со 28 поени.

Поразот од Маверикс е прв за Јута по серијата од девет победи. Џезерите со 38 победи и 12 порази се први во лигата.

Торонто славеа над Вашингтон со 103:101. Гери Трент постигна тројка во последната секунда со што го поништи трипл-даблот на Расел Вестбрук од 23 поени, 14 скокови и 11 асистенции. Торонто го предводеше Паскал Сијакам со 22 поени.

Дербито на Њујорк им припадна на Бруклин Нетс. Кајри Ирвинг постигна 40 поени во победата на Бруклин над Њујорк 114:112.

Scroll to Top