Top Sport

Абелардо доби отказ

Абелардо Фернандес повеќе не е тренер на фудбалерите на Алавес. Поранешниот фудбалер на Барселона доби отказ поради серијата лоши резултати.

На последните десет натпревари, фудбалерите на Алавез забележале само една победа. Тие се последни во Ла Лига со 23 бода, три помалку од безбедната зона.

Во неделата, Алавес на домашен терен доживеа убедлив пораз од Селта (1:3).

Абелардо пред два месеци се врати во клубот, кога го замени Пабло Мачин.

Вториот мандат на Абелардо во клубот заврши неуспешно за разлика од првиот кога во 2017 година успеа да избори опстанок, а сезоната 2018/2019 ја заврши на 11.место.

Шпанските медиуми шпекулираат дека на местото на Абелардо ќе дојде поранешниот тренер на Виљареал, Хави каљеха.

Scroll to Top