Кошаркарот на мадридски Реал, Лука Дончиќ, на натпреварот против Бетис го забележа својот прв трипл-дабл во кариерата.
Дончиќ за 22 минутии 33 секунди, успеа да забележи 17 поени и по 10 скока и асистенции и да стане најмладиот играч во во шпанската АЦБ лига што успеал да оствари трипл-дабл. Инаку, ова е прв трипл-дабл во АЦБ лигата по пауза од 11 години, кога во 2007 година Фран Васкез забележа 11 поени, 10 скока и 12 блокади.
Реал го победи Бетис 104:89 и дополнително му ги намали шансите на тимот од Севилја за опстанок во лигата.