Кошаркарите на Далас Маверикс успеаја да избегнат елиминација во финалето на Западната конференција од НБА лигата откако го добија натпреварот број четири во серијата со 119:109 и намалија на 3:1 во пбоеди. Сепак, пред Далас стои речиси невозможна мисија со оглед дека ниту еден тим во лигата не успеал да се врати по негатива од 3:0.
Лука Дончиќ беше лидер во овој прв триумф на Далас во конференциското финале. Постигна 30 поени, имаше и 14 скока и девет асистенции. Покрај расположениот Дончиќ, Далас имаше уште пет двоцифрени играчи.
Фини-Смит додаде 23 поени, Реџи Булок 18, Џел Бренсон 15, Макси Клебер 13, а Спенсер Дивид десет. Дополнително, Далас имаше 20 тројки од 43 шута, со што ги разби Голден Стејт Вориорс. На другата страна Стеф Кари постигна 20 поени и единствен се истакна кај „воините“.