Кошаркарите на Далас, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, најверојатно нема да играат до крајот на сезоната, бидејќи Маверикс имаат мали шанси да се пласираат во плејофот, пишува американскиот новинар Шемс Чаранија.
Далас моментално се наоѓа на 11. место во поредокот на Западната конференција со 37 победи и 42 порази. Маверикс загубија седум од последните осум натпревари во НБА.
Далас до крајот на регуларниот дел ќе одигра уште три натпревари, а овој клуб има теоретски шанси да се пласира во плеј-офот од НБА лигата.
Моментално имаат помалку победи и повеќе порази од Оклахома, но имаат и полош меѓусебен скор.
Чаранија тврди дека управата на Далас решила да ги одмори Дончиќ и Ирвинг, кои играа повредени во последните пет натпревари.
Тој истакна дека Маверикс нема да се обидат да ги добијат преостанатите три натпревари во регуларниот дел од сезоната за да бидат поблиску до подобар пик на претстојниот драфт во НБА.
Далас следната сезона планира да изгради тим околу Дончиќ и Ирвинг.