НБА лигата ги објави најдобрите две петорки на дебитантите во сезоната 2018/2019. Според очекувањата играчот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, едногласно е избран во првата петорка.
Покрај Словенецот едногласно во првата петорка е избран и плејмејкерот на Атланта Хокс Треј Јанг.
Покрај овие двајца во првата петорка влегоа центарот на Финикс Санс Диандре Ејтон, крилниот центар на Мемфис Гризлис Џерен Џексон и крилото на Сакраменто Кингс Марвин Бегли.
Интересно играчите избрани во првата петорка беа во првите пет пика на минатогодишниот драфт.
Наградата за најдобар дебитант ќе биде доделена на 24 јуни, а во конкуренција се Дончиќ, Јанг и Ејтон.
Во втората петорка на дебитанти влегоа: Шеј Гилџус-Александер (ЛА Клиперс), Колин Секстон (Кливленд Кавалирс), Лендри Шемет (ЛА Клиперс), Мичел Робинсон (Њујорк Никс) и Кевин Хуертер (Атланта Хокс).
NBA All-Rookie teams pic.twitter.com/4MrBYjACa1
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) May 21, 2019