Далас Маверикс и Лука Дончиќ ја продолжија агонијата на Лос Анџелес Лејкерс. Далас забележаа победа во „Крипто арена“, во Лос Анџелес 109:104. Лејкерси го забележаа шестиот пораз на последните седум натпревари.
Неверојатен натпревар одиграа Лејкерси и Далас. „Езерџиите“ имаа минус од 21 поен во првото полувреме, успеаја да се вратата во натпреварот во третата четвртина, го презедоа водството, на крајот Дончиќ не им дозволи да победата.
Словенецот блескаше со 25 поени, осум скока и пет асистенции и неколку атрактивни потези, од кои се издвојува забивањето преку Двајт Хауард.
? OK THEN LUKA!
Luka Doncic crashes in for the TOUGH put-back SLAM on TNT pic.twitter.com/rnwOTHCx07
— NBA (@NBA) March 2, 2022
Покрај Дончиќ кај далас се истакна и Џејлен Брансон со 22 поени.
Ветераните Леброн Џејмс со 26 и Кармело Ентони со 20 поени ги предводеа Лејкерси.
Лејкерси се деветти на Западот со 27 победи и 34 порази. До крајот на регуларниот дел, Џејмс и екипата, ќе се борат за десеттото место и пласман во плеј-ин со Њу Орлеанс, Портланд и Сан Антонио.
Далас со скор од 37 победи и 25 порази се на петтото место.