Top Sport

Дончиќ му го уништи роденденот на Крис Пол, Ембид се врати, Фила го победи Мајами

Филаделфија и Далас намалија на 2:1, во полуфиналните серии, во НБА лигата, против Мајами односно Финикс.

Филаделфија, со Џоел Ембид во составот, го декласира Мајами со 99:79. Одбранаѕа на Филадефија беше клуна за победата во третиот меч од серијата. Сиксерси во првиот дел им дозволија на противниците да постигнат само 32 поени за 24 минути игра.

Ембид се врати во тимот со 18 поени и 11 скокови, најефикасни во победата беа Тајрис Мекси и Дени грин со по 21 поен.

Кај Мајами се истакна само Џими Батлер со 33 поени и девет скока.

Далас го победија Финикс со 103:94, со што му ја распиаа прославата на крис Пол. Плејмејкерот на Финикс наполни 37 години.
Далас победија благодарение на Лука Дончиќ (26 поени, 13 скока, 9 асистенции) и Џејлен Брансон (28 поени).

Славеникот Пол мечот го заврши со 12 поени, додека најефикасен кај Финикс беше Џеј Краудер со 19 поени, 7 скока и 9 асистенции.

Scroll to Top