Top Sport

Челси е продаден за 4,25 милијарди фунти

Фудбалскиот клуб Челзи соопшти дека се договорени условите за продажба вредна 4,25 милијарди фунти (5 милијарди евра), на конзорциумот на американскиот бизнисмен Тод Боили.

Англискиот фудбалски клуб Челзи ќе биде во рацете на Тод Боили, ко-сопственик на бејзбол тимот Лос Анџелес Доџерс, јавува Би-би-си.

Лиценцата на Челзи, која нејзиниот сопственик, рускиот милијардер Роман Абрамович, реши да ја продаде по руската инвазија на Украина и пред воведувањето на британските санкции, истекува на 31 мај.

Поради тоа, клубот се соочи со можност да престане со работа доколку не биде продаде или не се обнови лиценцата.

Според постигнатиот договор, новите сопственици ќе платат 2,5 милијарди фунти за акциите на клубот, се вели во соопштението, а парите ќе одат на замрзната банкарска сметка за да бидат донирани во хуманитарни цели.

Конзорциумот, предводен од американски бизнисмен, ќе обезбеди и 1,75 милијарди фунти за инвестирање во англиската Премиер лига.

Во соопштението, Челзи прецизира дека продажбата се очекува да биде завршена до крајот на мај, а за преземање е потребно одобрение од Англиската фудбалска асоцијација и британската влада, пренесе Би-би-си.

Scroll to Top