Кошаркарот на Реал Мадрид, Лука Дончиќ е прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир во Евролигата. Реал, синоќа во Белград, во финалето го победи Фенербахче 85:80.
Младиот Словенец, финалето, го заврши со 15 поени, три скока и четири асистенции, додека во полу-финалето против ЦСКА забележа 16 поени и седум скока.
Дочниќ го доби признанието „Ѕвезда во подем“ и беше прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната.
Словенецот ја комплетираше сезоната од сништата откако во септември, минатата година, со националниот тим стана европски првак. Од наредната сезона тој ќе игра во НБА лигата, а стручњаците предвидуваат дека ќе биде избран како прв или втор пик на драфтот.
„Најверојатно ќе одам во НБА. Ова е најубавиот начин да заминам од Реал. Неверојатно е чувството да се подигне трофејот во Белград, немам зборови“, рекол 19-годишниот кошаркар.