Ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, за американските медиуми изјави дека во НБА лигата е полесно да се дојде до 30 постигнати поени отколку во Евролигата. Словенецот, кој сезонава има просек од 28 поени по натпревар, тоа го објасни со правилата во европската кошарка.
„Во Евролигата повеќе се игра тимска кошарка, повеќе се базира на тактика, а има и помалку време. Потешко е да се игра во НБА бидејќи има многу играчи кои практично е невозможно да се задржат. Но, од друга страна, би рекол дека во НБА е полесно да се погоди бидејќи правилата се различни, има повеќе простор и време, затоа тука е полесно да се даваат кошеви. Потешко е да се даде 30 поени на натпревар во Евролигата отколку на натпревар во НБА, тоа го тврдам стопроцентно“, изјави бекот на Далас.