Top Sport

Дончиќ трагичар, тешка повреда на Пауел, ЛА Клиперс славеа против Далас (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ја продолжија својата и ја прекинаа победничката низа на Далас Маверикс со победата 111:107. Мечот го реши Каваи Ленард кој на 68 секунди до крајот на мечот погоди тројка за 108:100.

По израмнетата борба во првото полувреме Клиперс успеаја да направат разлика од 14 поени, која до крајот на мечот нивните противници не успеаја да ја стигнат. Ленард погоди тројка на 68 секунди до крајот за 108:100, но Далас преку Лука Дончиќ и Макси Клиба намалија на три поени, потоа Ленди Шамет продаде топка во нападот, но Тим Хардавеј јуниор не успеа да погоди тројка, а на спротивната страна Џамајкл Грин не реализираше од линијата за слободни фрлања.

Далас имаа уште еден напад за победа, тренерот на Клиперс Док Ривер им наложи на своите кошаркари да го фаулираат Дончиќ, а Словенецот ги промаши двете слободни фрлања.

Дончиќ мечот го заврши со 36 поени, 10 скока и девет асистенции, ист број на поени на кои придодаде 11 скока на спроитвната страна постигна Каваи Ленард.

Мечот го обележа тешката повреда на стартниот центар на Далас, Двајт Пауел. На почетокот на натпреварот Пауел ја скинал Агиловата тетива што значи дека сезоната за него е завршена.

Ова е голем хендикеп за Маверикс бидејќи Пауел сезонава има просек од 9,6 поени и 5,7 поени по натпревар.

Scroll to Top